Најмалку четириесет убиени во израелски напад во Газа

Палестинското министерство за одбрана изјави дека нападот бил врз безбедна зона во градот Хан Јунуис, додека израелската војска тврди дека нападот бил врз операциски центри на Хамас

-

Најмалку четириесет лица биле убиени вчера во воздушен напад од израелските сили во близина на градот Хан Јунис, пренесува Би-би-си.

Палестинското министерство за одбрана изјави дека нападот бил врз безбедна зона, каде престојувале раселени лица. Израелската војска, пак, тврди дека нападот бил врз операциски центри на Хамас и дека презела чекори за да се намали бројот на цивилни жртви при нападот.

Според очевидци, во три напади биле таргетирани шатори во кои биле сместени раселени луѓе во хуманитарната зона Ал-Маваси, западно од градот Хан Јунис. Воздушните напади формирале кратери длабоки седум метри. Палестинското министерство за одбрана додаде за Би-би-си дека околу шеесет лица се здобиле со повреди, а дека има уште многу други лица затрупани под урнатините.

Калед Махмуд, волонтер во добротворна организација кој живеел во близина на хуманитарната зона, вели оти тој и други волонтери отишле да помогнат, но биле запрепастени од размерот на нападот.

Би-би-си известува дека во неверификувани видеа може да се видат како цивили со раце копаат низ песокот, во обид да ги извлечат жртвите од длабоките дупки предизвикани од нападите.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврди дека Хамас ги сместува своите операциски центри во безбедни зони, прекршувајќи ги меѓународните закони. Хамас негира дека имало војници во кампот кај Хан Јунис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Унгарскиот заем и должничката позиција на државата

Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра –...