Грета Тунберг уапсена на про-палестински протест во Данска

Познатата климатска активистка беше уапсена на протест пред Универзитетот во Копенхаген против израелската офанзива во Газа

-

Познатата шведска климатска активистка Грета Тунберг утрово беше приведена на про-палестински студентски протест во главниот град на Данска, пренесува Политико.

Данската полиција соопшти дека дваесетина демонстранти се собрале пред Универзитетот во Копенхаген и дека шестмина од нив биле уапсени.

„Полицијата беше викната. Таа насилно влезе во зградата. Во моментот ги разбркуваат сите студенти. Некои се приведени и ги носат во станица токму во овој момент“, рече Тунберг во видео на својот Инстаграм профил.

Полицијата го нема потврдено идентитетот на ниеден од приведените, но портпаролот на „Студенти против окупацијата“, организацијата зад протестот, изјави за Ројтерс дека Тунберг била меѓу уапсените.

Во сликата на Тунберг објавена од весникот „Екстра Бладет“ се гледаат лисиците околу нејзините раце, како и традиционален арапски црно-бел шал околу нејзините раменици.

„Студенти против окупацијата“ на Инстаграм соопшти дека „додека ситуацијата во Палестина само се влошува, Универзитетот во Копенхаген ја продолжува соработката со академските институции во Израел. Ја окупираме централната администрација на универзитетот бидејќи имаме едно барање: академски бојкот“.

Во октомври минатата година, портпарол на израелската војска ја нападна Тунберг откако таа изрази поддршка за Палестинците. Таа беше обвинета дека поддржува тероризам. Портпаролот дополни дека секој кој ја поддржува исто така стои на страната на тероризмот. Портпаролот потоа ја повлече изјавата и ѝ се извини на климатската активистка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СДСМ: Посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е понижувачка

СДСМ ја смета посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Бугарија за понижувачка бидејќи за време на средбите со бугарските државници не било истакнато и македонското знаме. Од партијата...