fbpx

Најголемите бродски несреќи во последните два века

-

Стотици исплашени мигранти се удавија во превртениот шверцерски брод кај либиското крајбрежје бидејќи биле заклучени под палубата – соопшти еден од преживеаните.

Повеќе од 900 лица, вклучувајќи 200 жени и преку 50 деца, се претпоставува дека се удавиле во една од поголемите бродски несреќи по крајот на Втората светска војна.

Низ историјата има повеќе големи бродоломи, иако најпознатат е оној на „Титаник“ од 1912 година, во која загинаа повеќе од 1.500 лица. Сепак, оваа не е најголемата бродска несреќа. Во продолжение ви ги пренесуваме најголемите документирани бродски несреќи во последните два века.

  • 27 април 1865 година – 1.547 лица загинаа откако котелот на паробродот „Султана“ експлодира во реката Мисисипи во близина на Мемфис. Повеќето од загинатите биле борци кои се враќале дома по завршувањето на Граѓанската војна во САД.
  • 1 април 1873 година – 562 лица се удавија откако бродот „Атлантик“ удри во карпа во близина Халифакс.
  • 3 септември 1878 година – Најмалку 600 лица загинаа откако бродот „Принцес Алис“ се судри со парабродот „Бајвел касл“ во реката Темза. Точниот број на загинати не е познат.
  • 15 јуни 1904 година – 1.031 лице загина откако паробродот „Генерал Слокам“ се запали во Ист Ривер во Њујорк.
  • 5 март 1912 година – 500 лица се удавија откако шпанскиот параброд „Принципе де Астуриас“ удри во подводна карпа.
  • 15 април 1912 година – Повеќе од 1.500 лица загинаа откако „Титаник“ удир во санта мраз.
  • 23 септември 1912 година – 1.000 лица се удавија при бродоломот на јапонскиот пароброд „Килемару“.
  • 29 мај 1914 година – 1.014 лица загинаа при потонувањето на бродот „Емпрес оф Ирланд“ во реката Свети Лоренс.
  • 7 мај 1915 година – Германска подморница го потона британскиот луксузен брод „Лузитанија“, при што загинаа 1.195 лица.
  • 24 јуни 1915 година – 812 лица се удавија откако туристичкиот брод „Еистленд: Грејт Лејкс“ се преврте во реката Чикаго.
  • 26 февруари 1916 година – 3.100 лица загинаа откако францускиот крстосувачки брод „Прованс“ потона во Средоземно Море.
  • 29 август 1916 година – 1.000 лица загинаа при потонувањето на кинескиот параброд „Ксин Ји“.
  • 30 јануари 1945 година – Советска подморница го потопи германскиот крстосувачки брод „Вилхем Гуслоф“, кој пренесувал бегалци и војници. Се претпоставува дека на бродот имало околу 10.000 лица, од кои само 900 се спасиле.
  • 26 септември 1954 година – 1.000 лица се удавија при потонувањето на јапонскиот комерцијален фериброд „Тоја Мару“.
  • 20 декември 1987 – Повеќе од 4.000 лица загинаа откако патнички фериброд се судри со нафтениот танкер „Виктор оф Миндоро Ис“, јужно од филипинскиот град Манила.
  • 15 декември 1991 година – Повеќе од 460 лица се удавија откако ферибродот „Салем експрес“ потона во Црвеното Море, во близина на Египет, откако удрил во корален гребен.
  • 17 ноември 1993 година – Повеќе од 1.000 патници загинаа откако ферибродот „Нептуб“ се преврте кај Хаити.
  • 28 септември 1994 година – Само 140 од вкупно 1.040 патници се спасија откако естонски патнички фериброд потона во Балтичко Море.
  • 26 септември 2002 година – 1.863 лица загинаа откако сенегалскиот фериброд „Јоола“ се преврти во близина на брегот на Гамбија.
  • 3 февруари 2006 година – 1.000 лица загинаа откако пожар изби на ферибродот „Ал Салам Бокацио“, кој пловел од Саудиска Арабија кон Египет.
  • 21 јуни 2008 – 800 лица загинаа откако филипинскиот фериброд „Принцес старс“ беше зафатен од тајфунот Фенгшен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...