fbpx

Националниот демократски институт ја прослави својата 40-годишнина

По тој повод, беше организирана дискусија за демократијата со демократските партнери во граѓанското општество, националните и локалните власти, политичките партии, медиумите и меѓународната заедница

-

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, Националниот демократски институт (НДИ) ја прослави својата 40-годишнина и организираше дискусија за демократијата со демократските партнери во граѓанското општество, националните и локалните власти, политичките партии, медиумите и меѓународната заедница.

НДИ ги препозна достигнувањата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и меѓупартиската парламентарна група за правата на Ромите во нивните напори за елиминирање на бездржавјанството во Северна Македонија, со доделување на наградата „Ден на демократијата“ за 2023 година.

Пратеничките Соња Мираковска и Љатифе Шиковска ги примија наградите во име на Комисијата за политички систем и меѓупартиската пратеничка група за правата на Ромите.

„НДИ замислува свет каде што преовладуваат демократијата и слободата, со достоинство и еднаквост за сите, а меѓупартиските напори на пратениците да се стави крај на бездржавјанството за повеќе од 700 засегнати Роми, ја зацврстува визијата на Институтот“, рече Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ во Северна Македонија.

За да се разбере влијанието на бездржавјанството врз луѓето, добитниците на Наградата за демократија за 2023 година спроведоа собраниски брифинзи и надзор за подобро да се информираат како недостатокот на документација, меѓуинституционална координација и празнините во правната рамка сериозно ги попречуваат правата, слободите и пристапот до услуги. Пратениците потоа со повеќепартиски консензус преминаа кон измена на националното законодавство за да се создаде патека за добивање државјанство.

Настанот „Ден на демократијата“, исто така, вклучуваше панел дискусии за родовата
еднаквост и како институционалната транспарентност и отчетност може да се спротивстават на корупцијата со панелисти кои ги претставуваа државните институции, граѓанското општество и амбасадите на Швајцарија и Шведска.

Од 1993 година, НДИ и нејзините локални партнери во Северна Македонија работат на
основање и зајакнување на политички и граѓански организации, заштита на изборните
процеси и промовирање учество на граѓаните, отвореност и отчетност во владеењето.
НДИ е непрофитна, непартиска организација која работи ширум светот и во партнерство кон зајакнување и заштита на демократските институции, процеси, норми и вредности заради обезбедување подобар квалитет на живот за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...