За љубителите на гејмингот, доаѓа апдејт за WoW наречен „Guardians of the Dream“

Тој се однесува на целосна тековна приказна за долгоспоменуваниот Emerald Dream

Скриншот од Трејлер за WoW Dragonflight
Скриншот од Трејлер за WoW Dragonflight

Љубителите на гејмингот ќе се израдуваат на веста дека пристигнува нов апдејт за WoW, во склоп на експанзијата Драгонфлајт наречен „Guardians of the Dream“. Тој се однесува на целосна тековна приказна за долгоспоменуваниот Emerald Dream, што се појави кај Најтелф Друидите во класичната верзија на WoW и повремено имаше исцепкани делови околу тоа место. Дури во Legion експанзијата имаше и данџ’н со „The Emerald Nightmare“, a во експанзијата Battle for Azeroth и сценарио со сонот. Ова е преставување на тој сон првпат обработено во целост како голема зона. 

Ако не ви се гледа целото видео, во овој напис ќе ви ги пренесеме новостите што следуваат. Ќе има нов рејд со девет боса, осум нови данџ’ни што ќе можат да се играат со митик плус тешкотија. Ќе има ново легендарно оружје и тоа ќе биде дворака секира наречена „The Dream Render“, а процесот за добивање на секирата ќе биде долг исто како што беше долг процес за добивање на првата легендарна секира Шадоуморн. Исто како и претходната, оваа секира ќе можат да ја употребуваат само класите Вориор, Детнајт и Паладин. 

Блод-елфите ќе добијат уште повеќе опции за костумизација на изгледот на ликот, а исто така ќе има и нови сетови на оклопи за сите класи посебно, што ќе се добиваат од Рејдот.

Класите Роуг и Демон-Хантер ќе добијат нови изменети таленти кои ќе можат да ги бираат.

Покрај тоа што новата зона „The Emerald Dream“ ќе биде прекасна сонолика шума, ќе има и други интересни карактеристики во кои интерактивно ќе учествуваат играчите. На пример, секаде каде што ќе најдете купчиња со земја што се активни, ќе можете да посадите семиња што сте ги собрале во вашите авантури.

Исто така, повеќе играчи ќе може да посадат семиња на истото место за да се забрза процесот на никнување и растење којшто ќе трае околу 5 минути. Кога ќе порасне дрвото или џиновски цвет, ќе може да направите loot на местото и да добиете специфични награди заради таа активност. Овој концепт има еколошка улога, особено за најмладите играчи на WoW. 

Во самите нови рејдови ќе биде имплементирано новото јавање на змејови со предизвици, каде ќе има и до 25 играчи што истовремено ќе летат. За жал, за разлика од основното јавање змејови што се појави во експанзијата The Burning Crusade и беше усовршено во експанзијата The Wrath of the Lich King, новото јавање змејови е уназадување и чекор наназад, а самите натпревари во летање се поедноставни.

На пример, за вистински да достигнете височина и да освоите нов Glyph што ви дава нов скил поинт за талентите за летање змеј, треба или да се улетате ниско или да отидете нагоре, па да пикирате надолу и нагло да свртите нагоре со поголема брзина – за да ја достигнете височината на даден Glyph. Не може да се застане во место како со претходните механики со змејови, но мора да се кружи околу себе да се види земјата.

Новите змејови се корисни за собирање руда и билки, а змејот се добива прилично рано при почетокот на приказната во најновата зона Waking Shores. Сè на сè, лошо искуство, каде летањето е расипано, па мора играчите да наоѓаат “финти” за да летаат нормално, дури и времето што змејот ви останува во воздух е ограничено – нема баш “слободно летање”.

Нема точен датум за излегувањето на овој апдејт, само се знае дека е закажан за есенва, а веќе е во процес PTR (Public Test Realm), така што сите што сакаат да ги тестираат и подобрат содржините од овој нов пач, можат да учествуваат предвреме во “Смарагдниот Сон” (The Emerald Dream).