Националниот ансамбл „Танец“ в четврток заминува на балканска турнеја

На сцените во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма на различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чампбе“, „Копачка“...

-

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток ќе замине на балканска турнеја, со концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука.

На сцените во овие градови ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма на различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чампбе“, „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на „Танец“ – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“.

„Публиката во регионот, секогаш знаела да ја цени извонредноста на Танец и со сигурност нестрпливо ги очекува овие уникатни музичко-сценски спектакли, што секогаш ги премостуваат културните разлики и сведочат за обединувачката моќ на раскошниот македонски музички фолклор“, велат од „Танец“.

Дел од турнејата ќе биде и богата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на „Танец“, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ.

Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од основањето под мотото „Танец – 75 години македонски код“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...