Таг: Танец
таг: Танец
Националниот ансамбл „Танец“ в четврток заминува на балканска турнеја
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток ќе замине на балканска турнеја, со концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука.
На сцените во овие градови ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма на различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чампбе“, „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на „Танец“...
ТАНЕЦ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник
Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење.
Од почетокот на оваа година, фолклорниот ансамбл настапува под мотото „75 години Македонски код“. Покрај големите жештини кои го опфатија месец јули, неизбежно е разладување во ноќниот период, па тука ТАНЕЦ ќе се вклучи со голем број настапи.
Вечерва во Охрид во 20.30 часот ќе настапи на 63-тиот Балкански...
Танец в четврток со концерт во чест на Васка Илиева
Oдложениот концерт на Танец во чест на Васка Илиева, ќе се одржи в четврток, на 9 ноември, во 20 часот, во Домот на АРМ, известуваат од НУ Танец.
Концертот на Танец во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ Танец ќе изведат петнаесетина антологиски песни од...
Почина играорецот и кореограф од фолклорниот ансамбл „Танец“, Атанас Коларовски
Во својата 96-та година од животот, денеска почина Атанас Коларовски, знаменитиот играорец и кореограф од првата генерација на ансамблот за народни песни и игри „Танец“.
Атанас Коларовски е роден во Драчево, Скопско, во 1926 година. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и играорец-солист.
Неговиот живот се опишува како неверојатно богат...
Ансамблот „Танец“ в четврток ќе одржи концерт во Прилеп
Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ ќе се претстави со целовечерен концерт на 21 јуни, четврток од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Ансамблот „Танец“, амбасадор на македонскиот фолклор е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада, а досега учествувал во над 4.500 концерти и подиуми во земјата и...
Министерството за култура жали за одлуката на Лешоски и го брани решението за „Танец“
Министерството за култура жали поради одлуката што ја донесе Дарко Лешоски да се повлече од функцијата претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, но порачува дека за тоа место ќе се избере некое слично решение. Во однос на назначувањето на новиот в.д. директор на националниот ансамбл „Танец“, во Министерството не гледаат ништо спорно и велат дека Стојанче...
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за директор на „Танец“ постави човек со средно градежно училиште
Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува. Поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДС, рече денеска на прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече...
Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид
Од денеска па сè до 10 јули, на отворената сцена Долни сарај во Охрид ќе се одржува јубилејното, 55. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Свеченото отворање ќе биде со настап на „Танец“, со почеток во 21 часот.
На 8 јули, настап ќе има ансамблот „Александар Трети Македонски“ од Мелбурн – Австралија, како и ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола.
На...
Џорлев: „Танец“ не настапуваше на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето си беа таму приватно
Зоран Џорлев, директорот на Националната установа „Танец“ - Ансамбл за народни песни и игри на Македонија, вели дека се чувствува крајно разочаран затоа што многу новинари му се јавиле да го прашаат дали навистина „Танец“ настапувал на трибината на ВМРО-ДПМНЕ која во неделата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
- Не, тоа не беше „Танец“. Јас не можам да им кажувам...
Хуманитарен концерт на „Танец“ и на МОБ за настраданите од поплавите
Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, во соработка со Македонската опера и балет, вечерва организира хуманитарен концерт за поплавените подрачја во земјава.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи во салонот на МОБ, со почеток во 20 часот. Цената на билетите е 200 денари.
Канческа-Милевска на промоција на монографија за „Танец“
Денеска, на промоцијата на монографијата „Танец – душата на Македонија“, ќе се обрати министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Монографијата, која се издава по повод 65-годишнината од постоењето на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, е од авторите Родна Величковска и Марко Китевски.
Промовирано цеде по повод 65 години „Танец“
Денеска беше промовиран компилациски компакт-диск на националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“.
Промоцијата е по повод 65 години од постоењето на „Танец“.
Новото издание е компилација од 25 оригинални аудиоснимки и 120 минути видеоматеријал.