fbpx

На северот на Албанија принудно слета авион без ознаки, пилотот и патникот „исчезнаа“

-

Мал авион принудо слета утрово на северот во Албаниија во областа Вермош која е близу до границата со Црна Гора. На авионот нема ознаки според кои може да се потврди од каде потекнува или кому му припаѓа, што значи дека може да биде нерегистриран или неговите податоци да се избришани, објавија албанските медиуми.

За време на летот, во авионот имало две лица кога се расипал, додека за време на слетувањето оштетени се системите на тркалата и сопирачките, објави Топ Чанел.

Жителите на областа за Еј-Би-Си Њуз Албанија рекоа дека авионот првично бил виден околу 09:00 часот каде што слетал и наводно останал околу 1 час. Тие, исто така, сведочат дека потоа авионот повторно се обидел да полета, но наишол на високи дрвја и бил принуден повторно да слета на ливада во Вермош од каде што веќе не можел да полета.

Она што ги зачудило локалните жители е дека наводно само неколку минути подоцна, теренско возило пристигнало на местото со кое заминале двете лица кои биле во авионот.

„Оние што беа во возилото не дозволија селаните да се приближат за да помогнат“, рече за локалните медиуми градоначалникот на Кељменди, Прек Вата.

Полицијата излезе на местото на настанот. Во меѓувреме, во врска со овој инцидент, реагираше и Министерството за одбрана на Албанија од каде нагласија дека авионот не припаѓа на армијата, но не е познато каде е пилотот и патниците кои наводно заминале со теренско возило. Во меѓувреме, нема информации за причините за оваа несреќа.

Оваа несекојдневна сцена го привлече вниманието на јавноста бидејќи има сличности со настаните од 2014 година кога мали авиони кои се користеле за трговија со канабис се урнаа во Драч и Лушње. Тогаш италијанскиот пилот Џорџио Риформато слета со „Пајпер“ во Лушње за да пренесе количина од околу 300 килограми канабис сатива, а пилотот Гвидо Гуиди, исто така Италијанец, призна дека требало да пренесе 200 килограми канабис.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download