Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организира онлајн информативна сесија во форма на вебинар за потенцијални апликанти на Повикот за апликации – Грантови за граѓански организации.

За Северна Македонија сесијата ќе се одржи на 7 јуни (понеделник), во 10 часот, на ZOOM платформата, со времетраење до 1 час. Сесијата ќе се состои од кратко претставување на проектот, Повикот и одговарање на поставените прашања во врска со Повикот.

Сесијата ќе биде на македонски јазик. Истата ќе биде снимана, а снимката ќе биде објавена на веб-страницата на Метаморфозис за да може да ја проследат сите потенцијални апликанти. Дополнително, линк до снимката ќе биде проследен на е-адресите на регистрираните учесници за полесно споделување на информациите во рамки на организациите и медиумите.

Сите заинтересирани се повикани да ја пополнат регистрациската форма (https://forms.gle/VfvzhSneefMUt1Jo6), по што ќе добијат линк за влез во сесијата.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија), НВО 35 ММ (Црна Гора) и Lëvizja MJAFT (Албанија).