fbpx

МВР вчера издало потврди на вкупно 2.797 мигранти

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи им издало потврди на вкупно 2.797 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.126, Авганистан – 880 и на Ирак – 791.

Од 19 јуни до вчера издадени биле потврди на вкупно 300.420 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера до секторот за азил поднесени се 80 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...