Фото: МВР

На 10 јуни околу 01 часот запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Дрогата е пронајдена во заедничка акција на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Прилеп.

„Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „Ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Р.Албанија. При контролата, албанскиот државјанин на полициските службеници им понудили пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. По извршената контрола, во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана, во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп“, соопшти Ангеловски.