fbpx

МВР и Управата за матични книги ќе разменуваат информации во електронска форма

Спасовски истакна дека овој договор го претставува напредокот и модернизацијата, и дека соработката и употребата на технологијата може да создадат силни врски помеѓу различни институции со цел да обезбедат ефикасна и ефективна услуга кон граѓаните и да се елиминираат злоупотребите

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, потпишаа Договор за соработка и размена на информации во електронска форма.

„На овој начин воспоставуваме соработка со размена на податоци и документи во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Согласно договорот ќе се применуваат највисоките стандарди за етичко и законито однесување, а ќе се преземаат и сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата“, рече Спасовски.

За потребите на институциите, преку платформата за Интероперабилност ќе се овозможи меѓуинституцинална соработка и пристап до регистрираниот сервис за „Определување на матичен број”, додаде министерот.

Спасовски истакна дека овој договор го претставува напредокот и модернизацијата, и дека соработката и употребата на технологијата може да создадат силни врски помеѓу различни институции со цел да обезбедат ефикасна и ефективна услуга кон граѓаните и да се елиминираат злоупотребите.

Емир Сулејмани, директорот на Управата за водење на матичните книги рече дека конечно се остварува неколкугодишната заложба да се реализира овој проект, со оглед на тоа дека институциите се првиот контакт со граѓаните. Притоа, тој истакна дека со соодветни упатства и рокови ќе се продолжи со имплементација на договорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...