fbpx

МВР: 4.840 бегалци вчера влегле во Македонија

-

Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 4.840 странски државјани, од кои 2.413 се мажи, 872 се жени, 1.169 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, 386 се деца што патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (2.237), Авганистан (1.839) и на Ирак (764), додека другите се во помал број.

Во соопштението се наведува дека до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
МВР утринава соопшти дека состојбата е редовна и на северната и на јужната граница, без задржување на границите, а во прифатниот транзитен центар регистрацијата се одвива редовно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...