fbpx

Москва: „Ататурк“ се случи затоа што нè игнорираа

-

Официјален Кремљ наведува дека неодамнешниот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул се случил како последица на тоа што турските и европските служби го игнорирале предупредувањето на Москва.

– Во текот на изминатите години, руската страна ги информираше своите турски и европски колеги дека лицата за кои се сомнева дека се поврзани со тероризам, нашле засолниште како во Турција така и во некои европски земји. Во поголемиот дел од случаите на сигналите од руска страна не е посветено соодветно внимание. На наша жалост, нападот во Истанбул би можел да биде последица на тоа невнимание – изјави портпаролот на Кремељ, Димитриј Песков, на прес-конференција во Москва.

Тројца напаѓачи вооружени со огнено оружје и со појаси со експлозив на 28 јуни извршија терористички напад на истанбулскиот аеродром, при што беа убиени 45 лица, вклучувајќи и 19 странци.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но турски официјални лица веруваат дека тоа е дело на Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ВИДЕО) Денот на Општина Тетово се одбележа со отпадоци и со депонии

Денес се одбележа денот на Општина Тетово, а повеќе од една недела градот се гуши во отпадоци и депонии расфрлани насекаде. Решение за овој проблем немаат ниту општинските власти,...