fbpx

„Мојот пријател полицаец“ за децата од предшколска возраст во Охрид

-

Седумдесетина деца од претшколска возраст од детските градинки „Развигорче“ во Охрид и од подрачната градинка во Лескоец, денеска имаа посета и едукативен час во полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.

Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница и заштита на рибниот фонд на Охридско Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор, самостоен инспектор Миле Колески.

Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција.

Најмладите со виден интерес ги разгледаа полициските чамци и глисери, како и возилата и полициските мотоцикли што постојано се користат во секојдневното извршување на работните задачи.

Денешната посета на децата од детските градинки е планирана активност во рамките на проектот „Мојот пријател полицаец“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download
download coolpad firmware
Download WordPress Themes
free download udemy paid course