fbpx

МНР: Ги следиме состојбите и ќе делуваме во најдобар интерес за заштита на нашите државјани во Украина

-

На сите државјани на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во кризни региони во Украина и кои ќе побараат привремена заштита и сместување, а немаат свое сместување во Северна Македонија, Министерството за надворешни работи во координација со Министерството за труд и социјална политика ќе овозможи привремено сместување во капацитети кои ќе ги обезбеди државата, соопшти денес МНР.

Од министерството упатија апел до граѓаните да ги следат официјалните информации од институциите со цел спречување на негативните ефекти од лажните вести и создавање паника во врска со безбедносната или економската состојба.

„Министерството за надворешни работи одблиску ги следи состојбите и е во постојан контакт со нашата Амбасада во Киев и ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на нашите државјани во Украина“, наведено е во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро ја осудува вчерашната одлуката на официјален Кремљ, со која се овозможи воена интервенција од страна на руските воени сили врз Украина. Со неиспровоцираните и неоправдани воени акции, Русија грубо го крши меѓународното право, повелбата на ООН и принципите и заложбите на ОБСЕ, и со тоа ја поткопува европската безбедносна архитектура како и глобалната стабилност.

Од МНР информираат и дека Северна Македонија, во сојузништво со останатите НАТО земји – членки, се приклучува на повикот кон Русија веднаш да ги прекине непријателствата, да ја повлече војската од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

„Ваквите дејствија неминовно ќе водат кон бројни човечки жртви, со далекусежни последици по светскиот мир, светската економија и развој, за што целосна одговорност ќе има Русија и официјална Москва“, нагласија од Министерството за надворешни работи.

Исто така, на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата донесе одлука и за придружување на преостанатиот сет рестриктивни мерки од 2014 година, поврзани со досегашните санкции на ЕУ кон Руската Федерација, со што Република Северна Македонија во целост или 100% ќе се прилагоди на Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Овие одлуки се во согласност со Евроатлантската определба на земјава и се во согласност со нејзините стратешки и државни интереси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...