fbpx

МКЦ: Новиот в.д. директор Алексов е без никакво искуство и позадина во културна институција

-

Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, реагираат од Младинскиот културен центар (МКЦ) откако во јавноста се појави информацијата за новоназначениот в.д. директор во институцијата.

МКЦ, Зоолошката градина и „Водовод и канализација“ добиваат нови директори, Богоев реагира

Во соопштението, од МКЦ реагираат дека досегашниот в.д. директор Ванчо Богоев е сменет од функцијата затоа што не подлегнал на притисоци од Град Скопје.

„Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири“, велат од МКЦ.

Од Младинскиот културен центар додаваат дека од утре институцијата ќе има нов вршител на должност директор, функција на која е назначен Никола Алексов.

„Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција“, велат од Младинскиот културен центар.

ОД МКЦ реагираат и на кратењето на буџетот кој сега изнесувал 8 отсто од годишниот буџет со кој институцијата работела изминатите години.

Колективот на МКЦ фрла сомнеж врз законитоста на новите кадровски решенија, поради тоа што, како што велат, се одбегнува повторно можноста јавно да се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата.

Покрај МКЦ, скопската градоначалничка Данела Арсовска ги смени и в.д. директорите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и Зоолошката градина.

Арбен Шаќири, чие вработување во МКЦ се спори во соопштението на Младинскиот културен центар, беше во трка за градоначалник на Скопје во 2021 година, покрај Данела Арсовска, како кандидат на движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ. Откако отпадна во првиот круг од локалните избори, Шаќири во пресрет на вториот одржа средба со Арсовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...