fbpx

Маж облечен како Фреди Кругер рани пет лица во Тексас

-

Маж маскиран како Фреди Кругер, рани пет лица во Сан Антонио, во сојузната американска држава Тексас, на забава по повод Ноќта на вештерките.

Полицијата објави дека неповикан гостин, малку по 2 часот наутро, одеднаш извадил оружје и почнал да пука во луѓето присутни на забавата.

Пред пукањето, напаѓачот се расправал со друг маж, а по пукањето и двајцата побегнале.

Полицијата сè уште се обидува да открие што му претходело на пукањето, но се претпоставува дека во инцидентот пресудна улога имала консумацијата на алкохол.

Ранетите од забавата се згрижени во локаните болници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...