Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО, вели дека Трамп не би попречил во работата на алијансата

Руте, кој беше премиер на Холандија од октомври 2010 година до јули оваа година, ја презема улогата на генерален секретар на НАТО од Столтенберг

-

Поранешниот холандски премиер Марк Руте од денес е официјално генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој десет години стоеше на челото на алијансата, пренесува „France 24“. Руте беше премиер на Холандија од октомври 2010 година до јули оваа година.

„Марк има совршена политичка позадина за да стане одличен генерален секретар. Тој беше премиер 14 години и водеше четири различни коалициски влади, па затоа знае да прави компромиси, да создаде консензус, што се вештини кои се многу ценети овде во НАТО“, рече Столтенберг денес за неговиот наследник.

Руте изјави дека неговите приоритети ќе бидат поддршката на НАТО за Украина, зголемување на трошоците за одбрана и зајакнување на партнерствата што Алијансата ги воспостави со други земји низ светот, особено во Азија и Блискиот Исток.

Постои загриженост околу иднината на НАТО доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во ноември. Но, Руте изјави дека би можел да соработува и со Трамп и со Камала Харис, за која рече дека е „високо почитуван лидер“. Тој поздрави тоа што Трамп апелирал други земји повеќе да придонесуваат кон буџетот на НАТО.

Genshin Impact 4th birthday скриншот од YouTube

Играта „Genshin Impact“ прославува четири години постоење

Една од најпопуларните игри од RPG жанрот е несомнено Genshin Impact која ја прославува своја четиригодишнина. Играта е креирана во целосен „аниме стил“ и симулира цртан филм со самото...