На 3 и 4 октомври Скопје повторно ќе биде домаќин на најголемиот собир на професионалци и ентузијасти за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа.
Над 700 учесници од цел регион ќе имаат можност на лице место да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Мајкрософт, Енвидиа, Гугл, УБС, Ериксон, Амазон и КПГМ и да ги разменат своите искуства со сите учесници и присутни.
„AI Tech Summit“ повторно ќе ги насочи погледите кон иднината за тоа како вештачката интелигенција ќе го обликува нашиот свет, и од техонолошка и општествена перспектива.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во технологијата на вештачката интелигенција и нејзината примена во различни индустрии од ИТ сферата, секторот за финансии, телекомуникации, здравство, забава, производството, гејмингот и безброј други полиња.
Самитот служи како корисна платформа за интерактивно вмрежување, можност за соработка и регионално поврзување во екосистемот за вештачка интелигенција.
Настанот е организиран од страна на чешката компанија TBM Group во соработка со М6 Едукативниот центар.