fbpx

Македонија оди на двојни избори во мај, во декември ќе има лидерска средба во Собранието

Ковачевски не прецизираше точно кога би се одржале изборите, но рече дека во мај има доволно простор да се одржат редовни претседателски и парламентарни избори. Инаку, 8 мај е единствениот термин кога претседателските и парламентарните избори може да се одржат во редовниот термин

-

Средбата на премиерот со лидерите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември, изјави денеска премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој не прецизираше точно кога би се одржале изборите, но рече дека во мај има доволно простор да се одржат редовни претседателски и парламентарни избори. Инаку, 8 мај е единствениот термин кога претседателските и парламентарните избори може да се одржат во редовниот термин.

„Планирам некаде во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност да се одржи една средба во Собранието, на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали во однос на одржувањето на изборите, така како што се правело во минатото ќе биде направено и сега. И идната година Македонија ќе оди на избори, како што е пропишано со закон и со Устав“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека претстојат уште одлуки пред одржувањето на изборите.

„Едната одлука е промена на Изборниот законик преку внесување на сите забелешки од ОБСЕ/ОДИХР, на што работи работна група. Во почетокот беше работна група во која што учествуваа експерти и претставници на политички партии во Собранието, меѓутоа сега се вклучени и политички партии од власта доминантно, меѓутоа и опозициските партии. Мислам дека за многу краток период ќе имаме Изборен законик што ги вклучува сите одредби од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и што ќе овозможи продолжување на одржување на демократски избори во државата какви што ги имавме во изминатите циклуси, а за разлика од оној 11-годишен период кога изборите беа окарактеризирани како недемократски“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје.

Во однос на тоа дали СДСМ и ДУИ ќе имаат заеднички листа, тој рече дека тоа е нешто што е одлука на политичките партии и е предмет на коалициски договори, така што во моментов, додаде, за такво нешто не можеме со сигурност да се зборува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...