fbpx

Македонија ќе ѝ донира на Украина 12 хеликоптери, купуваме осум нови

Во завршна фаза е деталната евалуација на петте пристигнати понуди за набавка на повеќенаменски хеликоптери, појасни министерката за одбрана

-

Македонската влада подготвува нов пакет на воена помош за Украина, која повеќе од една година се бори против воената агресија на Русија врз сувереноста и независноста на оваа земја. На следната владина седница ќе се достави предлог за донесување на одлука за донација на 12 хеликоптери за Украина, најави министерката за одбрана Славјанка Петровска во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.

Министерката Петровска појасни дека анализата на Генералштабот за тоа дали земјава може да ги донира хеликоптерите Ми-24 е завршена и дека на следната владина седница ќе достави предлог за донесување на одлука со која Северна Македонија ќе ѝ донира 12 хеликоптери на Украина.

За хеликоптерите произведени во 1984 година, Петровска посочи дека голем дел од нив од 2015 година се истечен ресурс, не се користат и согласно Стратешкиот одбранбен преглед не се предвидени во формацијата на Армијата. Таа појасни дека како и со останатите одлуки, ниту оваа на никаков начин не би влијаела на борбената готовност на Армијата.

„Сета опрема која што досега беше донирана, освен што е на барање на Украинците, ним им е потребна и тоа е опрема за која украинската армија е вешта во користењето, е опрема која согласно нашите планови за модернизација веќе е на истекот на користење, нема да биде во составен дел на нашето вооружување и многу е извесно дека за кус временски период, ќе требаше да ни биде наплатено за да ја уништиме“, изјави министерката Петровска.

Во однос на финансиските импликации, Петровска истакна дека проценката на вредноста на донациите без можната донација на хеликоптери изнесува околу 30 милиони евра, но дека за само помалку од една година Северна Македонија беше поддржана од САД со 139 милиони долари, наменети за набавка на нова, најсофистицирана опрема.

„Што добива Северна Македонија за возврат е прашање кое е исто така легитимно да се постави. Само за помалку од една година САД одобрија користење на финансиски средства во износ од 139 милиони долари, тоа е неколкукратно повеќе од тоа што ние сме го донирале. Тие се за поддршка на Планот за модернизација на нашата Армија, односно сето она што е предвидено да се набавува и оваа и наредните години“, истакна министерката за одбрана.

Во однос на плановите за набавка на нови хеликоптери, министерката Петровска информираше дека во завршна фаза е деталната евалуација на петте пристигнати понуди за набавка на повеќенаменски хеликоптери и анализата за тоа дали тие се во согласност со нашите барања и потреби. Министерката Петровска појасни дека станува збор за повеќегодишна набавка на осум повеќенаменски хеликоптери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy course
download karbonn firmware
Free Download WordPress Themes
download udemy paid course for free