fbpx

Локвенец: Власта нема пари за отштета од поплавите во Прилепско

-

„Осум месеци по најголемите поплави во Пелагонија, земјоделците од Прилепско сè уште не добиле ни денар за огромната штета што ја претрпеа. Пред четири месеци Никола Груевски најави стопроцентно обесштетување на земјоделците, по што бомбастично беше најавен и наводен почеток на исплатата на отштетата. До денеска едно големо ништо“, рече на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

– Никола Груевски треба да излезе пред земјоделците и да одговори дали некој треба да добие провизија за да почне исплатата на обесштетувањето за прилепчани? Груевски во јуни беше во Новаци и најави 10 милиони евра за земјоделците и 12 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура, која, како што рече, веќе почнала да се исплаќа. Од овие ветени 22 милиони евра, нема ништо! Никола Груевски повторно ги излажа земјоделците. Дополнително, сè уште не се санирани ниту насипите долж Црна и Прилепска Река. Поплавите што ја зафатија Пелагонија во јануари и во февруари годинава ја покажаа неспособноста на власта. Неисчистените корита на реките и на одводните канали, како и непрофесионалното управување со акумулацијата, којашто мораше да испушта вода за да не дојде до прелевање, па и до уривање на браната, се главните причини за големите поплави во Прилепско. За земјоделците од Прилепско и август не беше подобар од јануари и од февруари. Повторно, и во август, поплавени се земјоделски површини, куќи, згради од земјоделското стопанство. СДСМ бара наместо да се трошат милиони на панорамско тркало во Скопје, веднаш да се исплати отштетата за земјоделците и тоа во целост – изјави Локвенец.

Тој додаде дека претстои дождовна сезона, а земјоделците од Прилепско повторно ќе бидат изложени на ризик од поплави. Локвенец го повика градоначалникот Марјан Ристески наместо да се крие од вистинските проблеми на прилепчани, да ги исполни своите обврски во решавањето на овој суштински проблем за земјоделците од Прилепско.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...