Лидија Петровска ќе го суди и случајот „Триста“ на СЈО

-

Случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство ќе го суди судијката Лидија Петровска, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

Петровска, која веќе суди два предмети по обвиненија на СЈО, случајот „Триста“, како што информираат од Кривичниот суд, го добила преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети (АКМИС), а почетокот на судењето го закажала за 15 ноември.

„Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО), означен како „Триста“, кој беше одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет со КОК бр. 40/17, согласно АКМИС, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја закажа за 15 ноември 2017 година, во 10.30 часот, за кога се испратени покани за странките во постапката“, стои во соопштението од судот.

Во случајот „Триста“, обвинет е помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој се товари дека со набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра, бидејќи тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на компании кои не дале најевтина понуда.

Петровска, преку АКМИС-системот, претходно ги доби случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кој е во бегство, и случајот „Транспортер“, каде градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и уште 21 лице се обвинети за злоупотреби повразни со превозот на ученици во градот.

Инаку, Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што во текот на 2015 година ги објави СДСМ. Во разговор воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за тогашната претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите...