fbpx

Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава во Тирана

Во изјавата се истакнуваат планот за раст и заедничкиот регионален пазар како клучни чекори за зајакнување на локалните економии и забрзување на евроинтеграцискиот процес

-

Лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници од ЕУ беа присутни на самитот во Тирана, кој е продолжение на самитот кој се одржа во Скопје претходниот месец. Во фокусот беше планот за раст за земјите од Западен Балкан и како тој може да придонесе до подобрување на економските услови во регионот, како и да доведе до забрзување на процесот на евроинтеграција.

Премиерот Талат Џафери заедно со другите лидери на земјите на Западен Балкан усвоија заедничка изјава, во која лидерите ја потврдуваат важноста на планот за раст за регионот, особено имајќи ја ум потребата на европската обединетост во контекст на руската агресија во Украина.

Планот за раст предвидува 6 милијарди евра за периодот од 2024-2027 година. Од нив 2 милијарди евра се неповратна помош, а 4 милијарди евра се во форма поволни кредити. Сепак, помошта е условена и ќе биде исплатена ако земјите ги спроведат неопходните реформи за евроинтеграцискиот процес.

Во заедничката изјава беше истакната важноста на воспоставувањето на заедничкиот регионален пазар, како полиса која ќе ја зајакне локалната економија и ќе ја направи покомпетитивна на меѓународно ниво и како чекор го води регионот кон Единствениот европски пазар.

„Овој заеднички напор, не само што е од корист за Западен Балкан, туку и ја подобрува атрактивноста и конкурентноста на регионот. Нѐ доближува до пазарите на ЕУ и го олеснува одржливиот економски развој. Во оваа насока, заедничкиот регионален пазар ја постави основата на зајакнати трговски односи и заеднички економски иницијативи“, истакна премиерот Талат Џафери на Конференцијата на високо ниво, посветена на Планот за раст на Западен Балкан.

Друга точка на заедничката изјава беше важноста на приклучувањето на Единствената европска платежна област (СЕПА), што би овозможило олеснат трансфер на пари во евра меѓу земјите на Западен Балкан и Европската Унија. Зелените коридори исто така се истакнаа како важна алатка за олеснување и промовирање на трговијата во регионот.

Целата заедничка изјава може да прочитате овде.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...