Леталото „Дарт“ на НАСА успешно го смени движењето на астероид

Снимка од вселенскиот телескоп Хабл на НАСА од 8 октомври 2022 година, ги прикажува остатоците од површината на Диморфос 285 часа откако астероидот беше намерно погоден од вселенското летало ДАРТ на НАСА на 26 септември. Извор на фотографија: НАСА/ЕСА/STScI/Хабл

Американската вселенска агенција НАСА објави дека нивното летало „Дарт“ успеало во обидот да ја промени траекторијата на движење на астероид, пишува Би-би-си. Од НАСА потврдија дека движењето на карпата Диморфос, со ширина од 160 метри, била изменета откако леталото „Дарт“ намерно удрило во неа минатиот месец.

Вселенската мисија на НАСА е замислена како тест за потенцијална стратегија за одбрана на Земјината топка од астероиди и други предмети од вселената кои би можеле да ја загрозат безбедноста.

„Мисијата покажа дека НАСА се обидува да биде подготвена на сè што универзумот го фрла кон нас“, рече Бил Нелсон од НАСА.

Агенцијата објави низа податоци со кои ги поткрепи своите проценки, вклучувајќи нови фотографии од вселенскиот телескоп „Хабл“ и од мал италијански сателит.

Намерниот удар на леталото „Дарт“ во астероид се случило на околу 11 милиони километри оддалеченост од Земјината топка. Судирот се случил при брзина од 22.000 километри на час. Податоците собрани по судирот покажуваат дека орбитата на движење на астероидот Диморфос околу друг предмет наречен Дидимос се намалила за 32 минути.