fbpx

ЛДП: Поединци од бизнисот ќе профитираат со Плаошник, Студенчишта, Заум

-

Доколку не се покаже доволно слух и се дозволи поединци од бизнисот да ги реализираат проектите Плаошник, Студенчишта, Заум и други, тоа ќе значи дека им се овозможило да проофитираат на сегашноста од граѓаните и на иднината од наредните поколенија. Со ваква реакција се огласија денеска од локалниот разгранок на ЛДП во Охрид, од каде ги повикуваат и граѓаните за поддршка преку формите кои дополнително ќе бидат договорени.

– Последниве недели јавноста е запрепастена од планираната урбанизација, почнувајќи од ридот кај Плаошник, за која зборувавме уште во 2011 година како партија, преку планирање на патеката и бетонирањето на Студенчишко блато, завршувајќи со изникнатата градба, кај една од најзначајните локации, како од верски така и од археолошки апсект, во месноста Заум. ЛДП нема намера да остане нема на ваквите планирани дејствувања во Охрид, уште повеќе нема да ѝ дозволи на централната власт кога станува збор за државно земјиште, како и на локалната власт кога станува збор за земјиште кое му припаѓа на градот, да се однесуваат како да е наследство од нивните родители – стои во дописот до медиумите од ЛДП. Оттаму додаваат дека преку својот институционален претставник во Советот на Општина Охрид, Дејан Блажески, на следната седница на советот, ќе предложат точка на дневен ред во која треба да се разлгедаат овие горки теми, истовремено, упатувајќи и покана до министерот Миле Јанакиевски, за негово присуство.

Од ЛДП велат дека се сериозно загрижени за градежните планови што се однесуваат на најчувствителните локации во Охрид.

– Ја прашуваме локалната самоуправа дали МПЦ обезбеди план за градба и дали на Охрид веќе сериозно му се заканува Студенчишта 2015 ако Скопје го имаше Скопје 2014? ЛДП ги прашува одговорните од Заводот и Музеј од Охрид, дали онака изградениот објект во Заум значи заштита на културното наследство и автентичност и дали пред изработка на проектот за ревалоризација на тој простор треба да никнуваат градби? Од друга страна, доколку не беше една случајна фотографија на социјалните мрежи, немаше да знаеме што се случува во Заум. Оттаму се провлекува и прашањето за колку вакви „легални“ градби допрва и, што е најважно, многу доцна ќе дознаваме – реагираат од разгранокот на ЛДП во Охрид.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...