МАН: ЗНМ се стави во функција на СДСМ

-

ЗНМ молчеше кога СДСМ и Заев објавуваа непотврдени разговори на други новинари кои, според СДСМ, не се блиски на опозицијата, а реагира на најава на разговори блиски до СДСМ кои не се објавуваат јавно, за разлика од  другите новинари, се вели во соопштението на Македонската асоцијација на новинари (МАН) по повод, како што велат „настаните поврзани со објавување приватни телефонски разговори од страна на СДСМ и на нивниот претседател Зоран Заев, во кои се објавуваат и приватни разговори на новинари како и на други лица“.

– Објавените разговори од страна на СДСМ се употребуваат за партиски потреби, односно за подигнување на партискиот рејтинг на СДСМ на штета на законот и основните човекови права. Македонската асоцијација на новинари го осудува ваквото партиско манипулирање со јавноста, која со кршење на законот се става во функција на партијата – се вели во соопштението на МАН, една од двете новинарски здруженија во земјава.

МАН смета дека јавното објавување туѓи приватни телефонски разговори без потврда за автентичност и за согласност на учесниците посочени во разговорот е кривично дело, како и масовно кршење на човековите права.

 

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...