fbpx

Концерт на Тони Китановски и „Черкези оркестар“ во Долна Нормандија

-

Тони Китановски и „Черкези оркестар“ вчера настапија пред француската публика во Каен по повод прославата за 10 години соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, во рамките на фестивалот „Балканска пролет“.

Овој фестивал се одржува секоја година и ги промовира уметниците од Балканот пред жителите на Нормандија. Минатата година, по еднонеделен истражувачки престој во Македонија, овој оркестар направи неколку концерти во Скопје, Битола и во Охрид.

Концертот на Тони Китановски и на „Черкези оркестар“ е поддржан од регионот Долна Нормандија. Тој е дел од програмата на активности што се одржуваат овој месец во Долна Нормандија како одбележување на 10 години соработка на овој француски регион со Република Македонија. Во текот на овие 10 години, соработката поддржала голем број македонски уметници, музичари, сликари, фотографи, драматурзи, културни работници кои престојувале, твореле и ги претставувале своите дела во Нормандија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...