Конституирано бугарското собрание, Борисов бара пратениците да гласаат за техничка влада

Иако партиите не можат да се договорат ниту за избор на парламентарен спикер, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека гледа неколку варијанти за формирање на нова бугарска влада

-

Во Софија денеска беше конституирано 49-тото Народно собрание на Бугарија, на кое новоизбраните пратеници дадоа свечена заклетва. Пратениците денеска не можеа да се договорат околу изборот на собраниски спикер. Предложените кандидати на „ГЕРБ-СДС“, Росен Жељазков и на „Преродба“, Петар Петров не успеаја да соберат доволен број на пратеници за нивен избор на чело на парламентот, пишува Бугарското национално радио. 

Од партијата „Продолжуваме со промената“ се залагаат за избор на парламентарен спикер по принципот на ротација на кандидати од двете најмногубројни партии, но ваквиот предлог не доби поддршка од мнозинството пратеници.

Иако партиите не можат да се договорат ниту за избор на парламентарен спикер, лидерот на „ГЕРБ“, Бојко Борисов изјави дека гледа неколку варијанти за формирање на нова бугарска влада. Откако од блокот „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ го одбија предлогот на Борисов за двете најголеми партии заедно да формираат нова влада, денеска Борисов лансираше нова варијанта за формирање влада.

Борисов предлага техничката влада предложена од претседателот Румен Радев да биде избрана како редовна од страна на пратениците во бугарскиот парламент, пишува Mediapool.bg.

„Претседателот Радев, кога има една таква тешка политичка конфронтација меѓу партиите, може да се јави како обединител, којшто претпоставувам дека сите сакаат да го видат“, изјави Бојко Борисов, додавајќи дека оние министри кои го предложиле државниот буџет, тие како парламент ќе ги задолжат да работат.

„Зошто не се согласуваат? Зошто никој не сака да работи преку парламентот“, изјави Борисов.

Инаку, бугарското собрание брои 240 пратеници, но за да се избере нова влада е неопходно мнозинство од 121 пратеник. Коалицијата „ГЕРБ-СДС“ освои најмногу пратенички места – 69, додека коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ доби 64 пратеници во новиот состав. Партијата „Преродба“ освои 37 пратенички места, „ДПС“ има 36 пратеници, бугарските социјалисти освоија 23 пратеници и „Има таков народ“ 11 пратеници.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...