fbpx

Конкурс за наградата „13 Ноември“

-

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска го распиша конкурсот за доделување на ова престижно признание за 2015 година.

Наградата „13 Ноември“ на Градот Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и на творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот, за неговиот севкупен напредок и за афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата за значајни остварувања во областите од претходната точка се доделува и на физички и на правни лица, од други држави.

На ученици и на студенти наградата се доделува за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и за афирмацијата на Градот Скопје.

Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

За поединци, група творци, ученици и студенти наградата се состои од диплома и од парични средства.

Наградата за правни лица од земјата и за физички и правни лица од други држави се состои од диплома и од плакета.

Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни и физички лица.

На поранешен добитник, наградата може да му се додели повторно, но не пред истекот на 10 години од добивањето на последната награда.

Конкурсот трае заклучно со 10 септември 2015 година.

Формулар за конкурирање за наградата „13 Ноември“ на Град Скопје може да се подигне во приемната канцеларија на Градот Скопје или да се најде на веб-страницата www.skopje.gov.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...