Кој е гејмерот кој по 24 часовен стрим со 400 умирања во Елден Ринг ја победи Маленија

image-credit-kai-cenat-twitch
Принтскрин: Kai Cenat Twitch

Каи Ценат е гејмер што ја играше играта Елден Ринг без да гледа туторијали. Неговата тврдоглавост, а и решителност го претвори од инаетлија во јак карактер. Тој е гејмерот кој по 24 часовен стрим во Елден Ринг ја победи Маленија со преку 400 умирања само кај тој бос. Маленија, сечилото на Микела, како што и е целосното име, е малтене еден од најтешките босеви во играта иако не е последен. Потребно е да завршите серија квестови во одреден стадиум во играта за да стигнете до неа. Каи ја заврши играта со над 1700 умирања. 

Станува збор за еден од најгледаните стримери на Твич. Но, сепак тоа што не се подготви за играта и не истражуваше го чинеше многу време. Тоа особено важи за играта Елден Ринг каде учењето вклучува читање и гледање видео туторијали за како полесно и ефикасно да се поминуваат главните. Има и играчи што мислат дека е подобро играчот сам да се адаптира на играта без да гледа „спојлери“. Но, тоа често резултира со неуспех и откажување. И во игрите и во животот. И покрај тешките моменти што ги помина овој гејмер заради неговиот пристап имаше и смешни и тажни моменти што завршија со еуфорично славење.

Ги издвојуваме најдобрите моменти фатени на видео од оваа специфична авантура и подвиг на Каи Ценат. Мора да се нагласи дека во следните видеа има и експлицитен говор карактеристичен за гнев и други реакции на гејмери.

На пример, Каи Ценат веќе беше навлезен со 120 часа од целокупното стримање на Елден Ринг без да знае дека постои втора фаза на босот Маленија:

Победата над Маленија по 24 часа непрестајно играње и континуирани неуспешни обиди:

Славењето на победата над Маленија:

Секако има и смешни моменти со други босеви во Елден Ринг како перчењето на Каи Ценат пред босот Радан да го прегази:

Цената што напорот ја зема од Каи Ценат:

Секако оваа негова авантура заврши со голем успех кога објави дека ја завршил Елден Ринг:

Мора да се напомене дека ова беше еден од најчудните настани поврзани со стримање на Елден Ринг. Но, добро е што има среќен крај. Една источна јапонска поговорка вели: „Да се пратат нетренирани војници во војна -е исто како да сте ги пратиле во кланица.” Што е референца дека за сè во животот е важна подготовката, читање, истражување и информирање што повеќе пред да се превземе одреден подвиг.