fbpx

Кинеската влада дозволи отворање на уште три слободни трговски зони

-

Кинеската влада даде зелено светло за создавање на три нови слободни трговски зони, како и за проширување на постојната зона во Шангај. Трите нови зони ќе се наоѓаат на источниот брег на земјата, во провинциите Гуангдонг, Тијанџин и Фудзиен, пренесе „Бизнис вести“.

Според соопштението објавено по состанокот на политичкото биро на Кинеската комунистичка партија, слободната трговска зона во Шангај постигна „позитивен напредок“ изминатата година, при што е создаден модел кој може да се реплицира и на други места.

Зоната во Шангај, заедно со останатите три, ќе работи за институционални иновации, се вели уште во соопштението.

Слободните трговски зони се дел од новиот, отворен економски систем кој изучува нови модели за регионална економска соработка и утврдува законска клима за бизнис и за трговија, пишува „Ксинхуа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...