fbpx

Киев се подготвува за нов руски напад, за цивилите уште една ноќ во скривница

-

Жителите на главниот град на Украина, Киев, вечерва се подготвуваат за уште една ноќ помината во подземните скривници, додека руските трупи се приближуваат кон центарот на градот, јави АП.

Во меѓувреме, лидерот на Украина, Володимир Зеленски, вети дека ќе продолжи да се бори против рускитe напади апелирајќи за поголема помош однадвор.

Зграда во Киев на Бул Валериј Лобановски, 6-A по бомбардирањето за време на руската инвазија на Украина, 26 февруари 2022 г. | Извор: Kyivcity.gov.ua, CC BY 4.0, на Викимедија комонс

„Во тек е вистинската борба за Киев“, рече Зеленски во видео порака на социјалните мрежи обвинувајќи ја Русија дека напаѓа инфраструктурни и цивилни цели.

„Ќе победиме“, рече тој.

Како што јавуваат дописниците на АП од теренот, централниот дел на Киев е тивок ова попладне, иако се слушале спорадични пукотници. Борбите на периферијата на градот сугерираат дека помали руски единици се обидуваат да го исчистат патот за главните сили.

„Велика Британија и САД велат дека најголемиот дел од руските сили се на 19 милји (30 километри) од центарот на градот“, пишува АП.

Додека руската војска притиска во својата офанзива, мали групи на руски војници се веќе во Киев. Градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, прогласи полициски час кој трае од 5 часот попладне денеска до 8 часот наутро во понеделник по локално време. Кличко посочи дека цивилите кои ќе се затекнат надвор во текот на полицискиот час „ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантски и извиднички групи“.

Украинската амбасада во Скопје, во меѓувреме, сподели со медиумите соопштение од Министерството за надворешни работи на Украина во однос на лажните тврдења на Русија за геноцид како оправдание на воената инвазија.

Изминатите два дена светот продолжува да гледа невидена и брутална агресија на Руската Федерација против Украина, се вели во соопштението од украинското Министерство за надворешни работи.

Една од метро-станиците во Киев, претворена во скривница за време на руската воена инвазија на Украина, 26 февруари 2022 г. | Извор: not stated, CC BY 4.0, на Викимедија комонс

Највисокото воено и политичко раководство на Руската Федерација јавно се обиде да ја оправда сопствената агресија врз Украина како средство за спречување и казнување на геноцидот што наводно се случува во нашата земја. Оваа дрска манипулација нема реална основа, како што знае целиот свет“, соопшти украинското министерство.

Украина силно ги негира наводите на Русија за геноцид и негира каков било обид да се користат таквите манипулативни наводи како изговор за незаконска агресија.

„Лагата е уште понавредлива и иронична, бидејќи се чини дека Русија планира геноцид во Украина. Русија намерно убива и нанесува сериозни повреди на припадници на украинска националност. Овие акти мора да се гледаат заедно со реториката на претседателот Путин која го негира самото постоење на украинскиот народ, што укажува на намерните убиства на Русија со геноцидна намера“, заклучуваат од Министерството за надворешни работи на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...