fbpx

Кадетките ќе играат во групата А, со Шведска, Словенија и со Чешка

-

Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометарки до 17 години. Првенството ќе се одржи од 13 до 23 август во Скопје, а нашите ракометарки за противници во групата А ќе ги имаат репрезентациите на Шведска, Словенија и на Чешка.

Македонија, како домаќин, имаше можност да ја избере групата откако беа извлечени селекциите од другите три „шешири“.

Од четирите групи, двете најдобри репрезентации ќе одат во четвртфинале, со што Македонија, доколку се пласира, ќе се вкрсти со селекциите од групата Б.

– Наша цел е да одиме на две победи во групната фаза, првенствено против Словенија и Чешка – изјави селекторката Јулијана Дамчевска.

Натпреварите ќе се играат во салите „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.

ГРУПА А: Шведска, Словенија, Македонија, Чешка;
ГРУПА Б: Русија, Романија, Германија, Шпанија;
ГРУПА Ц: Португалија, Хрватска, Франција, Холандија;
ГРУПА Д: Данска, Норвешка, Унгарија, Словачка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...