Каде српски ,,Информер” виде црвен аларм од НАТО?

-

Српски ,,Информер” на 12 февруари годинава излезе со сензационалистички наслов  ,,Србијо, што подалеку од нив! Американското објаснување за тоа со што Северна Македонија и Албанија го заслужиле НАТО, е црвен аларм за нашата земја!”.

Проблемот, освен тоа што се работи за еден комплициран, некомпактен и премногу долг наслов, е во тоа што во изјавата на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, нема никакво објаснување. Значи, „американското објаснување” на кое се повикува насловот, во самиот текст го нема никаде, пишува „Вистиномер“.

Односно, насловот упатува на објаснување кое што во самиот текст не постои. Па, сугерирајќи постоење на информации кои би не се достапни во самиот текст, насловот ја манипулира јавноста.

Исто така, не постојат ниту детали за каков ,,аларм” станува збор. Текстот и насловот немаат никаква поврзаност, речиси и да може да се сметаат за два посебни света, кои немаат допирна точка еден со друг. Не може ниту да се заклучи на кои ,,нив” се мисли во насловот, кога се бара: ,,Србија да застане што подалеку од нив”.

Во својата изјава, американскиот претставник Палмер не  говори за тоа зошто Македонија и Албанија го заслужиле членството во НАТО. Тој укажува на руските напори да се поткопа поддршката за Преспанскиот договор меѓу Атина и Скопје, како уште еден пример на ,,злобните активности на руската држава”. И овој дел е комплетно одвоен од првиот дел од  текстот, во кој тврди дека ставот на САД е поддршка за Албанија и Македонија за европска перспектива, пишува „Вистиномер“.

Целиот текст може да се прочита тука.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...