JСП го надградува системот за локација на возила

Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период, се додава во соопштението од претпријатието

-

Во тек е надградба на системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот со софтверската компанија „Аитоникс Македонија“, информираат во претпријатието.

„Надградбата се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем. Оваа фаза ќе заврши до 15 септември, кога започнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи не се во функција. Третата фаза ќе трае од 15 до 30 дена при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем“, информираат во ЈСП.

Потоа, додаваат оттаму, се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на новиот систем, со што надградбата ќе биде завршена.

„Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период“, се додава во соопштението од претпријатието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...