Изненадувачки проекции по изборите во Франција: водство за левицата, партијата на Ле Пен на трето место

Според изненадувачките резултати, центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон заврши на второто, а крајната десница на Ле Пен на третото место

-

Коалицијата на левицата, која се собра неочекувано пред предвремените избори во Франција, освои најмногу парламентарни места на денешното гласање, во вториот круг од изборите, покажуваат проекциите.

Според изненадувачките резултати, центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон заврши на второто, а крајната десница на третото место, пишува Асошиејтед Прес.

Недостигот на мнозинство за кој било единствен сојуз се закануваше да ја турне Франција во политички и економски превирања. Конечните резултати од изборите се очекуваат доцна вечерва или рано наутро.

Предвремените избори беа распишани од претседателот Макрон пред само четири недели, откако екстремната десница зајакна значително во француското гласање за европските избори.

Екстремно-десничарката партија Национален собир на Марин Ле Пен значително го зголеми бројот на места во парламентот, но не ги исполни очекувањата.

Лидерот на крајната левица Жан-Лук Меланшон го повика Макрон да ја покани левичарската коалиција Нов народен фронт да формира влада, со оглед на проекциите кои ја ставаат во водство.

Доколку официјалните резултати ги потврдат сегашните проекции, ќе предизвикаат неизвесност во втората по големина економија во ЕУ – не е јасно кој би можел да биде премиер и да ја води Франција, покрај Макрон.

Се очекува резултатите од изборите во Франција да влијаат на војната во Украина, глобалната дипломатија и економската стабилност на Европа.

Францускиот премиер Габриел Атал рече дека ќе поднесе оставка, додека кабинетот на Макрон соопшти дека претседателот „ќе чека новото Национално собрание да се организира“ пред да донесе какви било одлуки за нова влада.

 

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...