fbpx

Избирачкиот список неактивен поради проблем со заштитата на страницата на ДИК

-

Граѓаните веќе една недела не можат на официјалната страница на ДИК да ги проверат своите податоци. Опцијата со која граѓаните можеа да проверат дали ги има на списокот и на кое избирачко место гласаат, не е достапна и доколку се кликне на копчето за проверување на списокот, страницата се пренасочува кон официјалната веб-страница на ДИК.

Членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи, вели дека пред една недела имало проблем со заштитата на страницата за проверка на избирачкиот список, па списокот се појавил и на друга страница што не е под нивна надлежност.

– Избирачкиот список моментално е затворен затоа што имаше проблем со заштитата, па избирачкиот список се појави и на друга веб-страница. Од ИТ-секторот моментално прават нов начин со кој граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци. Откако ќе биде готова и новата методологија, и двата начини ќе бидат поставени на официјалната страница на ДИК и граѓаните ќе можат да проверат на кое избирачко место гласаат – вели Јакупи.

Според Јакупи, со новиот начин на проверка, освен за себе, секој ќе може да провери и за друга личност на кое место гласа. Така, доколку се напише одредено име или презиме, ќе се покажат сите личности што го имаат тоа име или презиме.

Јакупи вели дека и двете методологии наскоро ќе бидат достапни на официјалната страница на ДИК.

Пред една недела се појави информација од Калина Зографска, компјутерски инженер, која на својот блог тврдеше дека со избирачкиот список е направен превид што го остава списокот 100 проценти отворен за преземање, заедно со сите лични податоци на сите граѓани.

– Матичен број, име и потесен регион на живеење се достапни за само малку играње со код и со податоци. Ова остава простор за со погодување на нечиј МБ, да се добијат податоци за живеење, бизниси да таргетираат возрасни групи, да добијат информации со место на живеење на сите нивни потенцијални клиенти, а партии, лоби и бизнис-групи да имаат копија од избирачкиот список и да прават таргетирано и персонализрано комуницирање со гласачите – пишуваше Калина на својот блог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...