Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц.

Министерот Курц истакнал дека стратегиски интерес на Република Австрија е целосна интеграција на регионот во евроатланските структури и дека ќе продолжат со нивната активна улога и заложби за влез на Македонија во ЕУ.

На интерес на соговорникот, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија изгради и негува модел на соживот и на почитување на различностите, кој претставува исклучително позитивен пример не само во нашиот регион туку и многу пошироко.

Двајцата соговорници констатирале одлични билатерални односи меѓу двете земји, со континуиран политички дијалог и со динамична соработка во повеќе области од заеднички интерес.