Кит скока во море

Изумирањето на праисториските џиновски ајкули веројатно придонело китовите да пораснат до сегашната големина, покажува последната научна студија што ја објави „Би-Би-Си“.

Древниот предатор мегалодон, долг од 14 до 18 метри, наликувал на синиот кит. Тој се хранел со примитивни китови, кои биле помали од денешните нивни сродници.

Вилица од праисториската ајкула мегалодон
Вилица од праисториската ајкула мегалодон

Мегалодоните изумреле пред 2,6 милијарди години, на преодот од плиоценот во плеистоценот, по што китовите почнуваат да стануваат сè поголеми.

Се претпоставува дека морските цицачи биле главната храна на мегалодоните, кои можеле да достигнат тежина и до 50 тона.

Експертите сметаат дека исчезнувањето на џиновските ајкули го поттикнало растот на китовите.

– Уште не сме сигурни како  функционира тој механизам. Кога откривме кога се случило тоа, воочивме дека се совпаѓа со порастот на китовите. Сега треба да утврдиме дали едниот настан, исчезнувањето на мегалодоните, го предизвикало другиот, еволуцискиот гигантизам на китовите – изјави за „Би-Би-Си“ Каталина Пимиенти од Природнонаучниот музеј во Џенсвил, Калифорнија.