Иса Мустафа ќе биде кандидат за премиер на Косово

-

Иса Мустафа од Демократски сојуз на Косово ќе биде кандидат за премиер на Косово, пренесува приштинската телевизија „Кохавижн“.

Се очекува лидерите на коалицијата ВЛАН денеска да одржат состанок, на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК, дел се и Иницијативата за Косово и движењето „Самоопределување“.

Изборите на Косово се одржаа на 8 јуни. Партијата на Хашим Тачи, ДПК, освои најмногу гласови и 37 пратенички места во собранието на Косово, но недоволно за формирање влада. Блокадата на ковоските институции веќе трае шест месеци.

Инциденти за време на студентските избори на Универзитетот во Нови Сад, нападнати студенти

Под силно обезбедување и целосна забрана за влез на секој што нема студентски индекс, денеска се одржаа избори за членови на Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Студенти...