Косовскиот премиер Албин Курти денеска доаѓа во посета на земјава.

Во рамки на посетата, за во 10 часот е најавена средба со премиерот Христијан Мицкоски, соопштија од владината прес служба.

Во 11 часот, пак, ќе се одржи билатерална средба на која, покрај премиерите, ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.

По средбата е закажана прес-конференција на Мицкоски и Курти.