fbpx

Инсистирањето само на датум за избори води кон продлабочување на кризата

-

Не постојат услови за одржување фер, слободни и демократски избори на 24 април 2016 година. Инсистирањето само на датум за одржување на изборите, без јасна временска рамка за исполнување на условите што треба да им претходат, го отвора ризикот од потенцијален бојкот на изборите од страна на голем број граѓани, што несомнено ќе води кон продлабочување на кризата во Македонија.

Ова е заедничкиот заклучок на Македонскиот центар за европско образование, Хелсиншкиот комитет за човекови права, НВО Инфоцентарот, Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, „Транспарентност“ – Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и на Институтот за човекови права.

– Треба да се имаат предвид и постојаните притисоци од страна на владејачките партии врз работата на Специјалното јавно обвинителство, единствената независна институција што се воспостави со Договорот од Пржино – нагласи Фани Каранфилова-Пановска од ФООМ.

Во анализата, презентирана денеска, се посочува и на фактот дека сè уште не се воспоставени ниту функционалните механизми за собраниска и за судска контрола врз УБК, што покажува дека е можно системот за нелегално масовно прислушување сè уште да функционира.

– Според некои информации, податоците од базите на податоци се неквалитетни и се во различни формати, со што е оневозможено квалитетно споредување заради прочистување на избирачкиот список – рече Андреј Стојковски од МЦЕО.

Доколку Собранието се распушти на 24 февруари, се вели во анализата, веќе нема да бидат возможни никакви законодавни интервенции, без оглед на потребите што ќе произлезат по утврдувањето на обемот на недостатоците во избирачкиот список.

– Во делот на медиумите, не може да има компромис, туку само вистински поместувања. Или ќе има слободни медиуми или ќе нема, или ќе има фер известување или ќе нема. А промените не можат да се случат преку ноќ – рече Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Декларативното потпишување документи за етичко, професионално и непристрасно информирање, како потпишувањето на Повелбата за етичко известување, подготвена од Советот за етика во медиумите, не претставува никаква гаранција за тоа дека медиумите и новинарите навистина ќе ги почитуваат етичките стандарди во текот на своето информирање, сметаат невладините организации.

– Поранешниот премиер Никола Груевски и понатаму секојдневно настапува со членовите на Владата и во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ дава ветувања во име на институциите и презема обврски за начините на распределба на државниот буџет. Тој јасно става до знаење дека тука ништо не е променето – рече Бојан Маричиќ од МЦЕО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...