Илон Маск ќе стрима негово играње на Диабло 4

Името на неговиот карактер “IWILLNEVERDIE” беше откриено неодамна, како игра со друид, а неговиот билд беше ориентиран на фрлање громови и користење на Мечкина форма

Ministério Das Comunicações, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Илон Маск најави дека ќе го стрима неговиот гејмплеј на Диабло 4 за да го покаже и сервисот за стримање на неговата платформа “X” (поранешен Твитер), којшто тој од неодамна го откупи. Името на неговиот карактер “IWILLNEVERDIE” беше откриено неодамна, како игра со друид, а неговиот билд беше ориентиран на фрлање громови и користење на Мечкина форма. Според Јутуберот Asmongold, тогашниот билд на неговиот друид покажа дека Илон Маск нема мета билд и си направил свој билд што не е баш ефикасен.

Слика од ликот на Илон Маск на Диабло 4 превземена од YouTube -скриншот од каналот Asmongold
Слика од ликот на Илон Маск на Диабло 4 превземена од YouTube -скриншот од каналот Asmongold

Логично е првиот човек на фирмата „Тесла“ да биде некој што “фрла громови” додека би играл игра. Тој игра токму и на таа карта со Друидот, иако Визард со таленти на електрицитет би било предиректен прв избор. Диабло 4 опциите за креирање лик нудат можност и играчите да направат многу слични ликови на играчите. Друидот во Диабло 4 личи на крупен човек, а најчесто луѓето бираат сличен изглед иако Илон Маск сепак не е до толку крупен.

Илон Маск го одложува стримањето на Диабло 4 веќе неколку дена спомнувајќи дека има премногу работа. Во меѓувреме, тој финансира мисија за прво човечко патување до Марс, додека пропаднатите лансирања на негови ракети го чинат околу 100.000.000 долари при секој неуспех. Исто така, Маск е познат по тоа што го предизвика сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг на борба во кафез.

Самиот настан иако изгледа како примитивен акт на насилство во 21 век, сепак двајцата милионери го прават тоа за да соберат пари за добротворни цели и тренираат со професионалци за борбата. Илон Маск има позадина на долгодишно тренирање Карате и Тае Квон До и иако е постар, Марк Закерберг е само зелен појас во Џиу Џитсу и има поатлетска конституција, иако Закерберг победувал и на натпревари во Џиу Џитсу. На Јутјуб се појавија и лажни видеа и монтажи со стримот и борбата кои не се случиле. 

Овој настан кај јутјуберите предизвика правење на пародии, од кои најзабавно е следното видео пародија на Стрит Фајтер:

 

Што се однесува до Диабло 4, Илон Маск објави дека ќе прави speed-run на Nightmare Dungeons на стримот и тоа на највисока тешкотија. И самиот вели дека е аматер, а под спидран подразбира чистење на данџн, тој кој ќе го даде максимумот од себе и ја предупредува публиката да нема големи очекувања што се однесува до неговото играње. Ова ќе го направи со лик од Eternal Realm, што значи ќе го нема бенефитот на “малингни срца” од првата сезона. Затоа задачата ќе биде уште потешка.

diablo-4-nightmare-dungeons-elon-musk-speedrun-d4-blizzard-rpg-game-lilith-malignant-hearts-twitter-1

Илон Маск е и еден вид поддржувач на играњето видео игри, дури и вели дека тоа што го привлекло прво кај компјутерите биле видео игрите, па тоа довело до тоа да учи и програмирање. Повеќе зборови од Маск за ова во следново видео: