Играта Rebel Galaxy бесплатна на Epic Games до 19 август

Фото: Скриншот

Играта Rebel Galaxy е бесплатна за превземање на Epic Games до 19 август. Ако сакате игри со вселенски бродови и истражување на вселената, иако постара, ова е игра за Вас.

Најмногу потсетува на играта Freelancer, но со подобра графика. Rebel Galaxy е излезена во 2015 година, но сепак е добра вселенска игра; планетите и небесните тела се супер сработени и има огромен простор на вселена кој може да се истражува.

Можете да играте како трговец, пират или истражувач. Универзумот во оваа игра повеќе потсетува на Star Wars одошто на Star Trek вклучувајќи ги и вонземјаните. Всушност дијалозите со повеќе различни ликови за кои има одлична синхронизација со глас многу потсетуваат на дијалозите во Star War Knights of The Old Republic 1 и 2 со тоа што текст одговорите се бираат според тоа што сакате да правите во играта. 

Комбатот е интересен бидејќи уште во првата мисија добивате чуден предмет што е  вештачка интелегенција која пука за вас со топовите на бродот ако го овоможите тоа, инаку може и да се пука рачно со топовите на кровот од бродот, но поефикасни се бочните топови. Додека за пукањето што вие го правите се употребува левиот клик, препорачано е да се користи прво десниот клик за попрецизно нишанење. Бродот се позиционира бочно од целта и така се одвиваат битките каде истовремено мора да внимавате да не направите судар или со некој астероид, големи парчиња метал или камења, друг вселенски брод или вселенска станица. 

Исто така има и избор на неколку различни типови на бродови што се покомпатибилни со тоа што ќе одберете да го играте, на пример ако одберете да играте трговец ќе ви треба поголем брод за да ги складирате работите со кои ќе тргувате. Ако одберете да бидете пират ќе ви треба поборбен брод-фокусиран на подобри оружја и ќе треба да најмите платеник со свој брод кој може да го повикате секои 10 минути којшто ќе ви помага во битките. Музиката во играта е мешавина од катри и рок и добро се вклопува во целата игра, има преку 20 часови од таква музика која се менува со радио во играта.

Сè на сè, се работи за добра игра што вреди да се земе бесплатно додека трае промоцијата.

Фото: Скриншот