fbpx

ИД преговара со фронтот Ал нусра за формирање коалиција против сириската војска

-

Милитантите на Исламска држава преговараат со членови на терористички групи, вклучувајќи го и фронтот Ал нусра, за здружување на силите против сириските владини сили.

– Опремата за прислушување пресретна информација за почеток на преговори меѓу командантите на големите баталјони на фронтот Ал нусра и лидерите на Исламска држава за формирање коалициски сили за противнапад на сириските владини сили – соопшти портпаролот на министерството за одбрана на Русија, мајор генерал Игор Конашенков.

Фронтот Ал нусра и ИД имаат блиски односи од февруари 2014 година, кога терористичките групи почнаа борби кои резултираа со крвави судири.

Конашенков соопшти дека руските воздухопловни сили во последните 24 часа извршиле 46 лета и елиминирале 83 милитантски цели, бомбардирајќи терористички групи во пет сириски провинции, уништувајќи кампови, магацини, возила и работилници.

Во воздушниот напад се нападнати позиции на ИД и на фронтот Ал нусра во Алепо, Дамас, Диер ел-Зор, Хама, Идлиб и во Латакија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...