fbpx

ИД ослободи 270 заробеници

-

Исламска држава ослободила 270 од 400 цивили, претежно жени и деца, кои ги киднапирала за време на викендот, кога нивните борци извршиле напад на делови од сирискиот град Деир ез Зор, кој е под контрола на сириските власти, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението на организацијата со седиште во Лондон, се наведува дека џихадистите, сепак, истовремено заробиле околу 50 мажи за време на рациите во куќите на подрачјето што го зазеле за време на четиридневните борби во Деир ез Зор.

Директорот на опсерваторијата, Рами Абдул Рахман, навел дека ИД држи заробеници на возраст од 14 до 55 години, за дополнителни испитувања.

– Тие, за кои ќе биде утврдено дека се поврзани со режимот, ќе бидат казнети, додека тие што не посетувале курс базиран на џихадистичката интерпретација на исламот, ќе мора да го посетуваат – рече Рахман.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...