fbpx

Хрватска ќе добие музеј на лажните вести

-

Деновиве во Хрватска би требало да профункционира тн. Музеј на лажните вести. Всушност, станува збор за веб-сајт, кој во првата фаза ќе објавува сведоштва на новинари и научници, база на податоци за лажни вести, алатки за развој на медиумска писменост и критичко размислување и препознавање и борба против „лажните вести“ (фејк њуз), јавија хрватските медиуми.

Иницијаторот на проектот на хрватскиот Музеј на лажни вести e Лордан Прелог, поранешен новинар и уредник и сегашен докторант на информатички и комуникациски науки на Филозофскиот факултет во Загреб. Тој посочува дека проектот е придонес кон глобалната борба против дезинформациите, кои се исклучително голема опасност за демократија и развој на отворените општества.

– Лично, верувам дека најефикасна борба против„ фејк њуз“ е понатамошен развој на квалитетно, одговорно и засновано на факти новинарство, истовремено зголемувајќи ја свеста на граѓаните за опасностите и ширењето на лажните вести, но и нивно поттикнување на критичко размислување и потреба од медиумско описменување особено кај младите – вели Прелог.

Проектот за „музејот“ се темели на повеќегодишната работа на Институтот за нови медиуми и електронска комуникација (InMed), кој повеќе од 20 години ја организира меѓународната конференција „Информациска технологија и новинарство“ во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник. Според Прелог, InMed е единствената организација во Хрватска што е член на SOMA-e (Social Observatory for Disinformation and Social Media Analysis – Социјална опсерваторија за дезинформации и анализа на социјалните медиуми), една од водечките мрежи на организации што се занимаваат со откривање на лажните вести и моделите за ниво ширење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...