fbpx

Хрватска ја доби првата жена-претседател

-

Колинда Грабар-Китаровиќ стана првата жена-претседател на Хрватска откако вчера, со нешто повеќе од 50 отсто од гласовите, победи во вториот круг од претседателските избори.

Грабар-Китаровиќ успеа да го победи досегашниот претседател Иво Јосиповиќ, за кого гласаа 49 отсто од гласачите.

Четириесет и шестгодишната Грабар-Китаровиќ од опозциската Хрватска демократска заедница (ХДЗ) е поранешна шефица на хрватската дипломатија, а своевремено беше и помошник на генералниот секретар на НАТО.

Победата на опозицијата на изборите, според аналитичарите, е показател за незадоволството на граѓаните од начинот на кој левичарската влада се справува со економска криза и со стагнацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...